ПочетнаИНТЕРЕСНОНаумоски промовиран во нов претседател на МКФ

Наумоски промовиран во нов претседател на МКФ

petar-naumovski

Легендата на македонската кошарка, Петар Наумоски е избран за нов претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Наумоски функцијата ќе ја извршува во наредните четири години.

На изборното собрание во хотелот Александар палас, противкандидат на Наумоски му беше почесниот конзул на Турција во Охрид, бизнисменот Абдурахман Бајрактар, но откако согласно Статуот беше утврдено дека тој не може да биде кандидат се повлече и му го честиташе изборот на Наумоски.

Пред новиот претседател на МКФ стои еден сериозен проблем, а тоа е да ги реши состојбите во клупската кошарка. На репрезентативен план првата сериозна акција ќе биде Европското првенство кое ќе се одржува во септември.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП