21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилниот долар ја спушти цената на нафтата под 65 долари

Силниот долар ја спушти цената на нафтата под 65 долари

nafta 300

Цената на барел нафта на лондонската берза денеска падна под притисок од јакнењето на курсот на доларот.

На лондонската берза цената на барелот падна за 47 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 64,81 долар, додека на американската берза за барел се тргува по 33 центи пониска цена, од 56,82 долари, откако во претходното тргување достигна ниво од 57,4 долари.

Курсот на доларот порасна за 0,22 отсто кон кошничката главни валути, што стоките чии цени се изразени во долари, како што е нафтата, ги чини поскапи.

„Се чини дека изурината цената на сировата нафта повторно е под притисок по закрепнувањето на американскиот долар“, рече Мирто Сокоу од лондонски „Sucden Financial“.

„Одржливоста на неодамнешното закрепнување на цената на нафтата бара силна побарувачка и опиплива реакција на понудата. Вниматели сме во поглед на натамошниот раст на цените на краток рок“, наведоа аналитичарите на „Barclays“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП