7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени испораките на руска нафта во Европа

Намалени испораките на руска нафта во Европа

gas 535

Испораките на руска нафта кон Европа значително се намалени во понеделникот поради оштетување на нафтоводот „Дружба“ на територијата на Белорусија, соопшти рускиот оператор задолжен за транспортот на енергентот „Транснефт“.

Пукнатината од засега непознато потекло била забележана во неделата навечер на овој нафтовод долг 9.000 километри кој е пуштен во работа во 1964 година и ја поврзува Русија со централна Европа преку Белорусија за северниот огранок, и преку Украина за јужниот, соопшти портпаролот на компанијата „Транснефт“, Игор Демин, пренесуваат руските медиуми.

По откривањето на оштетувањето, протокот на нафтата бил сосема сопрен, а санирањето на штетата може да биде завршено во понеделникот попладне. До крајот на април би можело да бидат компензирани неиспорачаните количества.

Русија последните години стана првиот светски произведувач на нафта и нејзиното производство минатата 2014 година достигна рекорд по распадот на Советскиот сојуз, со 525 милиони тони нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП