19 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСекој автомобил може да биде БМВ

Секој автомобил може да биде БМВ

kina1

Кинеските автомобилски компании се познати по клонирањето на моделите од популарните авто-марки. Сепак, тоа што им недостасуваше досега беше оргиналниот амблем или маската за хладникот, но тие сега и тој проблем го решија.

Произведувачот „Brilliance и BAIC“ меѓу останатото се прослави и со клонирањето на БМВ Х1 и Б-класата на Мерцедес. Нивните верзии на овие два автомобили се со ознаките В5 и БЦ301З, кои на европските примероци личат како „јајце на јајце“.

Тоа не е случајно, со оглед дека Кинезите имаат заеднички компании со овие европски производители.

Меѓутоа, кога ќе се доближите до прекопираното возило, впечатокот го расипуваше недостатокот на оргиналната маска и амбелм на познатиот европски бренд.

Но сега на пазарот се достапни додатоците, па така лажниот БМВ Х1, навистина ќе изгледа на БМВ Х1.

Таквиот сет, кој покрај маската и амблемот, содржи поклопци за тркалата и волан БМВ, а во Кина се продава за околу 50 евра.

Само може да се претпоставува дали ваквата козметичка интервенција и тотално фалсификување на автомобилот ќе го прелажат било кој, а единствен проблем е дали ќе може сопственикот да се убеди самиот себеси дека вози БМВ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП