18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАBild: Грција е без пари, банкротот е близу

Bild: Грција е без пари, банкротот е близу

Image (66)

Шефот на грчката влада Алексис Ципрас се обидува да го убеди врвот на Европската унија да и пружи нова помош на Грција, на која и се заканува банкрот за две седмици, наведува германскиот весник  Bild.

„Владата на Грција нема повеќе пари, се заканува државен банкрот во наредните две седмици“, пишува таблоидот и пренесува изјава на еден од дипломатите од ЕУ, кој вели дека во Грција „гори, а тие немаат ниту капка вода да го изгазнат пожарот“.

„Ситуацијата е повеќе од драматична“, рече дипломатот од ЕУ и предупреди дека Грција нема да може да ги враќа кредитите и дека не е јасно дали и пензиите и платите ќе може целосно да ги исплати.

Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел во неделата вечерта во телефонски разговор, според претставници на грчката влада, се договориле да одржуваат контакт за време на преговорите помеѓу Грција и нејзините доверители за да се постигне договор за грчкиот долг.

На состанокот на министрите за финансии на еврозоната во Рига посветен на Грција изминатиот викенд, беше изразена надеж дека критиките упатени од собирот ќе го забрзаат процесот на реформи кои Атина треба да ги спроведе за да добие спасоносни 7,2 милијарди евра кредити од меѓународниот пакет помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП