23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар, Шпанија и Хрватска „на врвот“

Кипар, Шпанија и Хрватска „на врвот“

kune_1

Кипар, Шпанија и Хрватска имаат најголеми буџетски дефицити во ЕУ.

Извештајот за прекумерниот буџетски дефицит и општиот долг на државите покажува дека дефицитот во Хрватска минатата година изнесувал 5,7 проценти од БДП или 18,8 милијарди куни.

Јавниот долг се искачил на 280 милијарди куни, односно 85 проценти од БДП.

Хрватска е при врвот и според растот на јавниот долг, кој од 2011 година пораснал за 20 процентни поени – од 65 на 85 проценти од БДП.

Прогнозите за економскиот раст се движат до, најмногу, еден процент, додека според проценките на експертите, само за отплата на камати е потребен раст поголем од три проценти.

Од оваа година па до 2025 Хрватска влегува во фазата на високи отплати на доспевањата на поголем дел од главнината и купони од обврзниците, што од 2017 година ќе предизвика ново задолжување поради рефинансирање на доспеаните обврски – наведуваат хрватските портали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП