20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија како логистички центар за побрз железнички транспорт

Македонија како логистички центар за побрз железнички транспорт

Image (65)

Македонија може да стане логистички центар на ефикасни брзи транспортни патишта од пристаништето Пиреја, преку нејзината железничка мрежа до Централна Европа.

За ова во понеделникот разговараа раководители на железнички компании од регионот и кинеската компанија КОСКО, во Скопје, во организација на Македонски железници „Транспорт“ и КОСКО. Според учениците во разговорите, со развој на транспортната мрежа и создавање железнички собирен пункт на стратешко место во Македонија, ќе се забрза транспортот на стоките и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите и економиите од регионот.

„Одамна ја имаме идентификувано и можноста Македонија да стане логистички центар на оваа рута по овој коридор. Целта на денешниот состанок со кинеската компанија во соработка со Македонски железници и железниците во регионот е да се идентификува локација во Македонија која долгорочно би можела да претставува еден логистички центар, а понатаму тоа ќе биде основа и евентуално за формирање некаква посебна зона каде би можело да има и полесно производство, како и други услуги коишто се важни“, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Шеесет отсто од увозот на стоки во Македонија пристигнува прекуокеанскиот пат на свилата од пристаништата во Пиреја и Солун, но во Македонија железничкиот транспортен сообраќај во вкупниот транспорт учествува само со 10 отсто, што, според Пешевски, се должи на застарената железничка инфраструктура.

„Веќе имавме разговори за изградба на брза железница со кинеските власти, а паралелно македонската Влада поддржува околу десет проекти, дел за изградба на нови железнички станици и обновување на постојната железничка инфраструктура, дел за изградба на нови железници и за набавка на возови и вагони“, рече Пешевски.

КОСКО инвестираше 700 милијарди евра во пристаништето во Пиреја, каде годишно впловуват 24.000 транспортни бородови, а според Пешевски, очигледно е дека подобрувањето на патната инфраструктура во Македонија ќе биде од интерес на двете страни.

Директорот на МЖ „Транспорт“, Никола Костов, вели дека „Македонски железници“ мора да го искористат моментот Македонија да стане логистички центар имајќи ја стратешката позиција, а тоа ќе овозможи просперитет и за кратко време ќе се зголеми обемот на работа и во товарниот и во патничкиот сообраќај.

Јелисавета Георгиева, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, истакна дека реализацијата на идејата за создавање железнички собирни пунктови во земјата и понудата на логистички решенија за ефикасни и брзи транспортни текови од и за Европа во целост се вклопуваат со барањата и потребите на бизнисот.

„Идејата и потребата за што подобро и поефикасно интегрално и инфраструктурно поврзување на економските центри од поширокото опкружување со балканските водени пристаништа, вклучувајќи го пристаништето во Пиреја за бизнис заедницата не е никаква новост“, рече Георгиева.

Според неа, на тој начин би дошло до значително подобрување на конкурентноста на домашните производи на странските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП