19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од половина Грци се незадоволни од работата на владата

Повеќе од половина Грци се незадоволни од работата на владата

Image (64)

Повеќе од половина граѓани на Грција се незадоволни од работата на новата влада, пренесува агенцијата AP, повикувајќи се на истражување на јавното мислење, направено од страна на грчкиот весник „Прото тема“.

Според резултатите од истражувањето, 52 отсто од Грците се незадоволни од работењето на новата влада, додека пак 39 проценти изразиле задоволство од нејзината работа.

Околу 50 проценти од Грците сметаат дека владата, која беше избрана на вонредните парламентарни избори кон крајот на јануари, треба да постигне компромис со кредиторите, доколку нејзините предлози за решавање на должничката криза бидат одбиени, додека пак 36 отсто сметаат дека разговорите околу мерките за решавањето на кризата треба да бидат прекинати.

AP потсетува дека владата во Атина има рок до 30-ти април да поднесе предлог реформите до кредиторите, кои потоа би одлучиле дали да и ги исплатат преостанатите 7,2 милијарди евра, неопходни за опоравување на грчката економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП