19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИмате ли дилеми околу изборот на кариерата?

Имате ли дилеми околу изборот на кариерата?

B

Сте ја добиле работата од соништата и не можете да биде посреќни поради тоа. На почеток се е фантастичнo, но по некое време сфаќате дека работата не е она на што сте се надевале. Можеби е во прашање корпоративната култура, можеби надредените, можеби не се согласувате со колегите, а можеби се повеќе не можете ниту да се сетите зошто сте ја посакале таа работа односно таа кариера…

Како и со секоја друга одлука во животот, во еден момент потребно е да започнете со преиспитување. Ви претставуваме неколку совети:

Сетете се на почетните цели

Кога сте затрупани со обврски, тешко е да се сетите зошто воопшто сте одлучите да се впуштите во тоа и зошто сте ја одбрале токму таа работа. Сетете се што ве привлекло на таа работа. Дали сте имале некои специфични цели? Можеби, откако ќе се сетите, повторно ќе го почувствувате оној иницијален елан.

Зададете си предизвици

Разговарајте со надредените и побарајте некои нови задачи и предизвици. Ако моменталните задачи ви се премногу едноставни, пронајдете или креирајте некој предизвикувачки проект. Доколку работата ви е претешка, кажете го тоа и можеби надредените ќе ви ги олеснат маките.

Добро размислете

Понекогаш, без оглед колку ќе ви биде тешко да го прифатите, ќе дојдете до заклучок дека моменталната работа и компанија не ви одговараат. Ако заклучите дека сакате да ја напуштите работата, смислете излезна стратегија и пронајдете ја позицијата која подобро ќе одговара на вашите деловни аспирации. Ниту на себе, ниту на компанијата не и помагате работејќи ја работата во која не уживате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП