17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија потфрли, Fitch и го намали рејтингот

Јапонија потфрли, Fitch и го намали рејтингот

japonija-japan-japan-japonski-ekonomija

Американската агенција за кредитен рејтинг „Fitch“ го намали кредитниот рејтинг на Јапонија за еден степен.

Намалувањето на рејтингот е придружено со предупредувањето дека официјален Токио не направил доволно за да го „закрпи“ буџетскиот дефицит создаден со одложувањето на натамошното зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ).

Со одлуката на „Fitch“, кредитниот рејтинг на Јапонија е намален на „А“ од „А+“, а како главна причина за овој потег агенцијата ја наведува растечката неизвесност во поглед на јавниот долг на Јапонија и неуспешните напори на премиерот Шинзо Абе да ја придвижи третата најголема светска економија, пренесува агенцијата Франс прес.

„Fitch“, исто така, изрази загриженост во поглед на економскиот раст на Јапонија, кој, како што наведува, е полош од очекуваниот, со оглед на високиот јавен долг на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП