18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседателот на интернационалната организација „Ротари“ во посета на Македонија

Претседателот на интернационалната организација „Ротари“ во посета на Македонија

Logo Rotari1111

Во неколку дневна посета на Македонија пристигна претседателот на Ротари г. Гери Хуанг кој денес и ќе учестува на гала вечерата на оваа реномирана организација која ќе се одржи во х. Александар Палас.

г. Гери Хуанг заедно со членови од македонските Ротари клубови ги посетија и штитениците од посебното училиште Иднина, институција каде беа реализирани и неколку значајни донации со кои значајно се подобрија условите за учење и престој на овие деца.

Ротари е организација на волонтери, на повеќе од 1,2 милиони деловни лидери и лидери во другите професии кои се обединети во светот, со цел да изведуваат и подржуваат филантропија, како и да помогнат во градењето на добра воља, разбирање меѓу луѓето и обезбедување на мирот во светот. Организирани во повеќе од 32.000 клубови во повеќе од 200 земји и географски области, Ротаријанците изведуваат проекти за да одговорат на денешните предизвици на современото живеење како што се неписменоста, болестите, гладот, сиромаштијата, недостатокот на чиста вода, негрижата за здрава околина и многу други, чие елиминирање станува суштински предуслов за хуманиот развој и за оддржувањеот на мирот  во светот.

Иницијативата за формирање на првиот Ротари клуб во Чикаго, САД датира од 1905 година и при тоа наидува на голем интерес кај деловните луѓе и оние од другите професии и таа е прва светска организација на волонтери определена во интерес на основните човекови потреби. После првиот клуб, се формираат нови клубови во други градови и држави и следствено на основните начела, членовите на клубовите се среќаваат на неделните состаноци да ги планираат проектите, дискутираат разни прашања од локален, национален и меѓународен интерес и уживаат во градењето на меѓусебното пријателство. Ротари клубовите се неполитички и отворени за граѓани од сите раси, култури и религии.

Во областа на образованието, Ротари фондацијата обезбедува меѓународни стипендии за повеќе од 1000 студенти годишно кои студираат надвор од своето место на живеење и кои служат како културни амбасадори.

Еден од најзначајните проекти на Ротари е Полио Плус кампањата. Ротари клубовите со свое финансиско учество од преку 850 милиони американски долари и армија на волонтери имунизира повеќе од две милијарди деца во 122 земји во светот. Ротари е главниот партнер и лидер во Глобалната иницијатива за ерадикацијата на полиото, заедно со Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и УС Центарот за контрола и превенција на болестите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП