9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОптимизмот на шпанскиот премиер

Оптимизмот на шпанскиот премиер

madrid

Економијата на Шпанија е на пат оваа година да оствари економски раст од 2,9 проценти и дополнителни 2,9 проценти во 2016 година, вели шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Новата проценка за економскиот раст е подобра од онаа во месец февруари, кога беше проценето дека економскиот раст ќе изнесува 2,4 проценти.

Рахој очекува дека ќе бидат отворени 500.000 работни места, не наведувајќи колку се проценува дека ќе биде стапката на невработеност до крајот на годината. Во моментов се невработени 23,8 проценти од населението.

Во Шпанија следниот месец се одржуваат регионални и локални избори на кои Рахој ќе се соочи со острата конкуренција на главната опозициска Социјалистичка партија и двете нови, се популарни партии.

До крајот на годината би требало да бидат одржани и парламентарните избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП