22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија се противи на странско преземање на BP

Британија се противи на странско преземање на BP

BP41545455

Британската влада во заминување порача дека сака нафтената компанија British Petroleum (BP) да остане во британски раце и дека ќе се спротивстави на било какво нејзино преземање, извести Financial Times.

Оваа порака владата ја испрати откако Royal Dutch Shell склучи договор за купување на групацијата BG за 70 милијарди долари, што предизвика шпекулации за поголем бран на консолидација во нафтениот сектор, сличен на оној од крајот на 1990-те.

Британските функционери порачаа дека владата ќе биде „скептична“ околу секое преземање-дури и во склучај да биде вклучен Royal Dutch Shell-бидејќи државата има две големи светски нафтени компании, извести FT.

Владата на располагање има неколку формални овластувања за блокирање на понудата, со цел да ги одврати странски инвеститори да дадат понуда, наведува FT. BP нема коментар на извештајот, а претставниците на владата исто така одбија да коментираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП