21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа EasyJet по еден Airbus на секои 16 дена

За EasyJet по еден Airbus на секои 16 дена

205141806553dee8082ac2794216043_640x426

Една од најголемите светски и европски авиокомпании „EasyJet“ го презема 250-тиот авион од компанијата „Airbus“.

„Airbus“ за компанијата „ЕасѕЈет“ во просек испорачуваше авион на секои 16 дена, од кога беше испорачан првиот „Airbus(A319)“ во септември 2003 година. Компанијата „EasyJet“ во моментот има 158 нарачани авиони, а во поглед на вкупните нарачки е трет купец на „Airbus“.

Компанијата „EasyJet“ работи како најголема европска и четврта во светот компанија со флотата на „Airbus“ со еден премин меѓу седиштата.

Семејството авиони „А320“ денес е најпродаваното семејство на авиони со еден премин меѓу седиштата, со нарачки поголеми од 11,550 авиони и речиси 6.500 авиони кои се испорачани на адресите на повеќе од 315 клиенти и оператори ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП