20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗABT го претвори Audi S6 во RS6 (фото)

ABT го претвори Audi S6 во RS6 (фото)

abt-audi-s6-avant-2

Една од најистакнатите тунинг компании на автомобили „Audi“ – германската „ABT Sportsline“, претстави пакет за обновената верзија на моделот „S6“. Доработка е оптичка и на моќноста, па така се приближува до карактеристиките кои ги има предводникот во семејство – „RS6“.

Погонскиот пакет на „ABT Sportsline“ претставува доработка на електронското управување на 4,0-литарскиот „TFSI“ мотор, благодарение на која моќта се зголеми за 100 КС, а на вртежниот момент за 130 Нм.

abt-audi-s6-avant-2 (1)

Така доработениот „Audi S6“ располага со 550 КС и 680 Нм, или само за 10 КС и 20 Нм помалку од предводникот „RS6“.

Од „ABT Sportsline“ исто така го отстраниле електронскиот ограничувач на брзината, па возилото веќе е способно да развие 290 км/час. Засега информациите за забрзувањето од место до 100 км/час не се познати, но компанијата нагласуваат дека уште повеќе го намалиле тежиштето, што се одразува позитивно на стабилноста на автомобилот.

abt-audi-s6-avant-1

Во поглед на дизајнот,„ ABT Sportsline“ направиле лесни, но сепак видливи промени. Меѓу нив се новите бандажи со големина од 20 или 21 инчи, спојлер од карбон, дополнителни отвори во предните браници, различни капаци на страничните огледала и друго.

Од тунинг компанијата не ја објавија цената за доработка на „Audi S6“. Со оглед дека, сепак, стартната цена на „Audi S6“ е околу 79.000 евра, а онаа на „RS6“ е 110.000 евра, пакетот на „ABT“ најверојатно излегува доста профитабилен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП