6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го намалува бројот на државните конгломерати до 40

Кина го намалува бројот на државните конгломерати до 40

china-oil

Кина најверојатно ќе го намали бројот на своите државни конгломерати до 40 преку масивни спојувања, а Пекинг лансираше план за реформирање на за останатиот јавен сектор во земјата, објавија локалните медиуми.

Првите консолидации ќе се реализираат во комерцијалниот сектор, најмногу во конкурентните индустрии, изјави изданието „Economic Information Daily“, цитирајќи анонимен орган.

„Ресурсите ќе се фокусираат се повеќе во големите претпријатија, за да се избегне зајакнувањето на конкуренцијата, како и она што „CSR Corp“ и „China CNR Corp“ прават кога се натпреваруваат едни со други за проекти во странство“, пишува весникот, цитиран од агенциите.

Планот за преструктуирање е од клучно значење за напорите на претседателот Си Џинпин за зголемување на продуктивноста на државниот сектор во Кина, во момент кога Пекинг се бори да најде вистинската комбинација од политики за поддршка на втората најголема економија во светот. Економскиот раст на империјата се забави до најниско ниво во последните шест години во првиот квартал.

Политиката на спојување најверојатно ќе влијае на државните производители на возови „CNR“ и „CSR“, создавајќи компанија, способна да се натпреварува со светските железнички понуди од конкурентите, како германската „Siemens AG“ и канадската „Bombardier Inc.“.

Претходно во овој месец, Пекинг е посветен на забрзување на јавната контрола на финансии, претставувајќи информации за државните компании, како и промена на местата на раководствата на претпријатијата, со цел зголемување на транспарентноста и борба против корупцијата.

Централната комисија за инспекција на дисциплината исто така активира двегодишни проверки на државни претпријатија во стратешките сектори. Во последните недели претседателот на China „FAW Group Corp“, Сју Џиени, потпретседателот на „Baosteel Group“ Цуеи Џиен и генералниот менаџер на „China National Petroleum Corp“ беа испитани поради загриженоста за корупција.

Во моментов централната влада поседува 112 конгломерати, вклучувајќи 277 јавни претпријатија кои котираат на берзите во Шангај и Женшен со пазарна капитализација од над 10 илјади милијарди јуани (1,61 илјади милијарди долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП