17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Mazda3 MPS ќе располага со 300 КС и 4х4

Новата Mazda3 MPS ќе располага со 300 КС и 4х4

mazdic3

„Mazda“ ќе претстави предсериска верзија на спортскиот хечбек „Mazda3 MPS“ за време на автосаемот во Франкфурт кој се одржува наесен, пишува весникот „Motoring“, кој се повикува на свои извори.

Очекувањата се модификацијата, која ќе се појави истовремено со редизајнот на сегашната „тројка“, да добие 2,5-литарски турбо мотор со моќност од 300 КС. Хечбекот ќе биде опремен и со систем за погон на сите четири тркала, благодарение на кој ќе може да се натпреварува со моделите, како „Subaru WRX STI“, „Volkswagen Golf R“ и „Ford Focus RS“.

Претходната генерација на „Mazda3 MPS“ беше опремена со 2,3-литарски турбо мотор кој развива 260 КС. Возилото располага со погон само на предните тркала, нудејќи забрзување од 0 до 100 км/ч за 6,1 секунди. Сега, сепак тоа ќе се промени, бидејќи новата „тројка“ е изграден на платформа, слична на онаа на кросоверот „CX-5“.

Се очекува 2,5-литарскиот мотор да биде поставен и на теренецот „CX-9“. Освен тоа Јапонците поготвуваат и оживување на кросоверот „CX-7“. Тој ќе добие 3 реда седишта и ќе биде опремен со 4-цилиндарски бензински и дизел агрегати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП