3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот се одвива по суви коловози

suvi-kolovozi

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по суви коловози. Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е сеуште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

АД Бетон на 16.04.2015 започна со изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с. Маврово. Патниот правец ќе биде затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца.

Сообраќајот за патничките возила се одвива по постоечка девијација, согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај, одобрен од Министерството за транспорт и врски. Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП