5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилијардер од украинско потекло најбогат Британец

Милијардер од украинско потекло најбогат Британец

M

Милијардерот од украинско потекло Лен Блаватник стана најбогатиот Британец, додека кралицата Елизабета и покрај растот на приходите отпадна од листата на најбогатите, објави во неделата весникот The Sunday Times, весникот кој секоја година ја објавува новата состојба во светот на богатите во Велика Британија.

Лен Блаватник од економската криза 2009 година го удвоил своето богатство кое сега е проценето на 13,17 милијарди фунти, па така од минатогодишното четврто место го зазема врвот на листата најбогати поданици на Обединетото Кралство. Тој вложува во музичкиот бизнис, индустријата и медиумите.

Според The Sunday Times, најбогатите 1.000 луѓе во Британија поседуваат вкупно богатство од 547 милијарди фунти, додека нивното богатство во 2009 година изнесуваше 258 милијарди фунти, што значи дека за шест години скокнало за 112 отсто.

Во Велика Британија има 117 милијардери, а пред неа во оваа категорија се единствено САД и Кина. Лондон, пак, е градот со најмногу милијардери на светот, ги има 80.

На просечниот Британец, кој годишно заработува 25.000 фунти, би му биле потребни 526.800 години да го достигне богатството на 57-годишниот Блаватник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП