28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина: Заканите на кредиторите за Грција се насочени против цела Европа

Атина: Заканите на кредиторите за Грција се насочени против цела Европа

Yanis Varoufakis

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, вели дека Атина цврсто одговорила со „не“ на сите барања на кредиторите за продолжување на политиката за затегнување на ременот, и покрај заканите за позицијата на Грција во еврозоната, како и дека заканите на доверителите не се насочени само кон Атина, туку и кон целата Европа.

Од самиот почеток на преговорите за продолжување на програмата на финансиска помош за Грција, при што доверителите од тамошната влада на радикалната левица бара претставување веродостоен план на реформи кои мисли да ги спроведе, министерскиот кабинет на премиерот Алексис Ципрас изразува решителност повеќе да не ги применува политиките на штедење, поради што и победи на изборите на 25-ти јануари годинава. Варуфакис го потврдил овој став во споменатото интервју, велејќи дека доколку партнерите и институциите (кредиторите) инсистираат на пожестоки мерки за штедење во земјата, којашто веќе претрпела големи штети од најтешката криза во историјата на земјата, тогаш владата доследно ќе одговори со „не“, порачуваат извори од грчкото министерство за финансии повикувајќи се на изјава на Варуфакис.

„И доколку ни се заканат со неформални дејствија, коишто ќе ја стават Грција во неповолна позиција во еврозоната, тогаш тие тоа го прават против интересите на Европа. Грчката влада не блефира. Таа цврсто ги брани интересите на земјата и демократската традиција на Европа“, го цитира Варуфакис извор во грчкото министерство за финансии дел од разговорот на министерот воден со грчки новинар по интервјуто за француското списание Philosophie.

Варуфакис, по средбата на Еврогрупата (министрите за финансии на земјите од еврозоната) во петокот во Рига, на која на Грција ѝ беше порачано дека нема биде продолжено финансирањето на нејзиниот долг сé додека не го договори новиот план со реформи кои смета да ги направи, изјави дека е оптимист и покрај разликите. Сепак, „грчката влада по барање на доверителите нема да се согласи со барањата за кастрење на пензиите и други мерки кои водат кон намалувањето на животниот стандард“, додал министерот.

Истовремено Варуфакис признава дека преговорите одат многу тешко. „Атмосферата беше напната. На крајот од преговорите позициите стануваа тврди. Ќе биде тешко да се дојде до решение, но ќе го има“, вели Варуфакис.

Го критикува начинот на кој се одвива преговарачкиот процес, односно многу министри за финансии од еврозоната, како што се покажало, не се запознаени со предлозите на Грција за реформите. Тие не ги доставиле до членовите на техничките експертски групи, тврди Варуфакис.

„Во Бриселската група не се претставени министрите за финансии, и кога мојот австриски колега вели ‘јас ништо не видов’, тој е во право. Тоа не е процедурално прашање, туку суштествено. Тоа е урнек за работата во еврозоната. Преговорите се водат во Бриселската група, ги давате предлозите во Бриселската група, а министрите за финансии немаат ни најмалку претстава, а потоа доаѓаат на состанокот на Еврогрупата, за време на преговорите и велат дека ги немаат предлозите. Тоа што ние го правиме…, не води никаде“, тврди Варуфакис.

Според него, „ние не сакаме да наметнувам каков и да е процес, ние сакаме преговорите да се водат во Бриселската група. Но истовремено јас би сакал, и размислувам, дека моите колеги министри за финанси, знаеле што се случува“. „Истовремен министрите за финансии јавно немаат претстава за напредокот (…), тоа не се однесува на нив“, тврди грчкиот министер за финансии.

Варуфакис истовремено вели дека најмногу од сé разочарувачки и фруструрачки делува фрагментацијата на разговорите. „Зборуваме за нешто, а потоа минуваме на друга тема, без да ја решиме првата. Секога кои и да дадеме предлози, на пример за осигурувањето, за буџетските приходи, нé критикуваат. Јас велам ‘прекрасно, вам не ви се допаѓа мојата идеја, а каква е вашата?’ Нема одговор. Одиме на следното прашање“, појаснува.

На прашањето дали сегашната ситуација претставува опасност за Грција, министерот вели „И тоа како е опасна. Но и за цела Европа таа е опасна. Настојуваме да ги убедиме во тоа“.

На забелешката на грчкиот новинар дека против Грција има заговор, Варуфакис вели „Тоа е вистина… Секогаш сум оптимист, бидејќи во наш заеднички интерес е да се дојде до разумен договор, да се стави крај на кризата тука а не да се потхранува. Тоа е во нашите заеднички интереси“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП