20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекордна година за Ауди

Рекордна година за Ауди

Glasgow Audi

Групацијата Ауди успеа да ги надмине своите цели за 2012-та година и покрај значајните ефекти на должничката криза во некои земји и намалувањето на целокупниот европски пазар. Компанијата остварила рекордни резултати кога станува збор за продажбата, испораката, приходите и заработувачката.

Во изминатата финансиска година, овој бренд успеа да продаде повеќе од 1.45 милиони автомобили и да ги зголеми приходите на 48.8 милијарди евра. Групацијата Ауди исто така беше во можност да го зголеми оперативниот профит на 5.4 милијарди евра, што е рекорден резултат во рамките на оваа компанија досега.

Во текот на оваа година тие планираат да ангажираат 1500 нови работници само во Германија. Извршниот директор, Руперт Штадлер изјавил дека 2012-та била рекордна година и дека во Ауди сакаат да продолжат во ист стил и оваа година, при што компанијата планира да ја збогати и својата линија на модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП