28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора: Просечната плата намалена на 476 евра

Црна Гора: Просечната плата намалена на 476 евра

crnagora4

Просечната заработка без даноци и придонеси во Црна Гора во месец март изнесувала 476 евра и била за 1,7 пати помала од минималната потрошувачка кошница, чија вредност изнесувала 804,8 евра, покажуваат податоците на Заводот за статистика Монстат.

Просечната заработка без даноци и придонеси во март се намалила за 1,4 проценти во однос на месец февруари и изнесувала околу 59,1 проценти од минималната потрошувачка кошница.

Просечната заработка во март во однос на истиот минатогодишен месец пораснала за 0,4 проценти, додека во однос на просечната заработка во минатата година се намалила за 0,2 проценти.

„Доколку се земе во предвид дека потрошувачките цени во месец март во однос на февруари пораснале за 1,1 проценти, произлегува дека нето заработката во истиот период забележала пад од 2,5 проценти“, се вели во соопштението на Монстат.

Вредноста на просечната бруто заработка во март изнесувала 721 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП