Постојат одлични автомобили, кои од различни причини не можат да привлечат клиенти и нивните резултати на светските пазари постојано паѓаат. Некои од нив дури наскоро ќе бидат повлечени од производство. Со помош на изданието „Wheels“ ви презентираме десет од нив.
Секој „Lincoln“
До неодамна концернот „Ford“ располагаше со голем број на подружници и не им обрнуваше внимание на своите премиум поделби. На крајот, кога тоа конечно се одлучија, моментот беше испуштен, а „Lincoln“ и досега не може да застане цврсто на нозете.
„Cadillac ATS“
Овој модел е сместен во сегмент во кој конкуренцијата е жестока. Се разбира, „ATS“ исто има недостатоци, но од друга страна има импресивна надворешност и неверојатна шасија. Сега надеж на американците е дека „напумпаниот“ „ATS-V“ ќе ја поправи оваа неправда.
„Kia Quoris“
Корејскиот седан не е директен конкурент на „Mercedes S-Class“ и „BMW 7-Series“, но пак чини 30.000 долари помалку и исто така нуди значителен луксуз. Со овој модел „Kia“ ја повтори грешката на „Volkswagen“ и нивниот „Phaeton“, откако беа убедени дека клиентите не сакаат да даваат големи пари за автомобил од непремиум бренд.
„Subaru BRZ“
Близнаците „Toyota GT-86“ и „Subaru BRZ“ тргнаа добро на пазарот, но со секој изминат месец резултатите им опаѓаа. Другите производители не се осмелуваат да преземат ризик и да им понудат на своите клиенти достапно купе со заден пренос. И нема да се осмелуваат, додека продажбата на „Toyobaru“, како ги нарекоа овие два модели, не се променат.
„Chevrolet SS“
Луѓето се жалеа дека „Impala“ е премногу досаден модел и сакаат модел со заден пренос. Во „Chevrolet“ ретко ги слушаат желбите на клиентите, но овој пат, направија и предложија импресивно возило со такво погон. Покрај тоа, моделот е опремен со адаптивна суспензија „Magnetic Ride“, рачен менувач и доаѓа со голем избор на бои. Се доби автомобил токму каков што сакаа фановите на брендот, но се покажа дека никој не сака да го купува.
„Dodge Viper“
Во текот на својата историја „Viper“ беше насочен кон посебна група клиенти. Во „Dodge“ сепак направија огромна глупост, откако го заменија брендот на моделот и почнаа да го продаваат како „SRT“, при тоа со многу високи цени. Потоа се почувствуваа и почнаа со намалувања, кои стигнаа до 15.000 долари, што можеби барем ќе ја стабилизира продажбата на овој модел.
„Mitsubishi Lancer Evo“
Еден одличен автомобил, кој сепак изгледа безнадежно застарен и веќе не може да се справи со својата улога на предводник на „Mitsubishi“, каде цврсто се насочија кон хибриди и електрични возила. На крајот верзијата „Evo“ ќе замине во историјата, бидејќи едноставно не се вклопува во модерното корисничко општество.
„Chrysler 200“
Модел кој би требало да биде еден од бестселери во сегментот на седани со средни димензии. Тој е моќен, економичен, богат е со најсовремени технологии и се нуди со погон на сите четири тркала. Но, и покрај сè се продава доста тешко.
„BMW Z4“
Овој роудстер остави впечаток со својата прекрасна класична силуета со долг нос, со пријатен декор и со моќен мотор. Сепак голем минус му е недостатокот на решетката. Ова се покажа доволно за да ги истера клиентите. И сиот овој потенцијал е залуден, зашто тешко некој ќе претпочита „Z4“ пред речиси совршено „Porsche Boxster“.
Секој „Lotus“
Легендарен бренд кој се потешко и потешко наоѓа клиенти. Еден од најголемите производители на спортски автомобили во историјата оди кон пропаста. А ова е особено жално, откако на пазарот има автомобили како „Elise“, „Exige“ и „Evora“ …