10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСамодоверба на работа: Кажете го она што навистина го мислите

Самодоверба на работа: Кажете го она што навистина го мислите

6973472475537ad95386f1272472233_w640

Да се изговори она што навистина се мисли е вештина која е и повеќе од потребна во работата… Некои луѓе имаат проблем со тоа, а еве совети како да го надминете тој проблем…

Започнете со „мали мисли“

Ако сте срамежливи или не знаете како да го кажете она што го мислите, започнете со мали работи. Ако сте на деловен состанок не мора да кажете се, туку мали ситници кои ќе значат.

Размислете пред нешто да проговорите

Иако некои луѓе воопшто не говорат што мислат, други пак тоа го прават без никакво двоумење и без да размислуваат за другите луѓе и нивните чувства. Навредите и простиот речник никогаш не ви се потребни, ниту во приватниот, ниту во деловниот живот.

Бидете смирени

Без оглед на тоа колку нешто ви е важно, не се обидувајте да го нагласите тоа со викање или со агресивен телесен говор. Повишениот тон на гласот, по правило, ги одбива луѓето. Говорете смирено и јасно, но сепак одлучно. Всушност ако говорите смирено, полесно ќе го изговорите она што навистина го мислите, а кога сме вознемирени често ни излетува и она што не сме го мислеле и не сме сакале да го кажеме.

Напишете што ќе кажете

Ако не сте сигурни во своите вербални вештини, изразете се на хартија. Доколку неможете лично испратете му меил на шефот или колегите, односно на оној пред кого сакате да ги изразите своите мисли и чувства. Пишаниот збор може да има многу силен ефект.

Некои луѓе избегнуваат да го кажат она што го мислат бидејќи не сакаат да навредат или повредат некој или не сакаат да влезат во конфликт. Прифатете го фактот дека нема секогаш сите да се согласуваат со вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП