27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏифони гостува во Прилеп

Џифони гостува во Прилеп

Image (58)

Во Домот за култура „Марко Цепенков“, младите од средните училишта во Прилеп на двоневната манифестација која ќе се одржи во сабота и во недела,  ќе имаат можност да бидат првите учесници во новиот проект „Џифони патува’’.

Во текот на два дена преку богата програма и активности тимот на Џифони Македонија ќе се обиде неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот.

Филмската програма ќе ги опфати филмовите „Лоре“ во режија на Кејт Шортланд и „Раздевичувањето на Ева ван Хенд“ во режија на Мишиел тен Хорн. Освен филмската програма по која ќе следи дискусија за филмовите,  младите ќе имаат можност да учествуваат во двете работилници кои се дел од програмата: работилницата „Едноминутни филмови“  – каде ќе можат да се запознаат со основните наративни можности на едноминутниот филм како и основните аспекти и техники на негово создавање и работилницата „Фото приказна„ која ќе ги воведе учесниците во основните естетски категории на фотографската уметност, со посебен акцент на поимите серија на фотографии, фото-колекција и фото приказна.

Со цел доближување на брендот „Џифони’’, воедно ќе бидат прикажани и кратки видеа на „Giffoni Experience“ и Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.

Настанот е во организација на Агенцијата за филм на Република Македонија, Здружението за ширење на филмска култура Џифони-М и  Giffoni Experience, Италија а во соработка со Општината Прилеп и Домот за култура „Марко Цепенков“. Спонзори за успешна реализација на „Џифони патува“ Прилеп се Витаминка АД, Прилепска пивара и Капри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП