6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно проблеми во втората најголема светска економија

Повторно проблеми во втората најголема светска економија

kina141

Индексот на преработувачката активност во Kина во април е намален на најнискотo ниво за последната година, што укажува на продолжување на слабоста на втората најголема светска економија.

Прелиминарниот индекс за набавките (ПМИ) на британската банка „HSBC“, за преработувачкиот сектор во Кина во април падна на 49,2 поени од мартовските 49,6 поени, пренесува агенцијата АП.

Прелиминарните резултати се базираат на одговорите на околу 90 проценти од вкупно 420 фабрики. Податоците над 50 поени укажуваат на раст на секторските активности, а под 50 поени на нивно забавување.

Најновите показатели се сигнал дека законодавците во Пекинг наскоро ќе се соочат со дополнителен притисок со цел да спречат понатамошно забавување на кинеската економија.

Економскиот раст на Кина во првиот овогодишен квартал беше најбавен квартален раст од појавата на глобалната финансиска криза пред шест години. Растот на бруто домашниот производ (БДП) на Кина забави во периодот јануари-март на 7,0 проценти, што е пад во однос на растот од 7,3 проценти од претходниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП