26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПартнерството на МАНУ и ССК - модел за стабилна економска иднина

Партнерството на МАНУ и ССК – модел за стабилна економска иднина

man

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), академик Владо Камбовски, потпишаа Меморандум за соработка.

Партнерството помеѓу академската заедница и приватниот сектор, во услови на зголемување на економскиот притисок од глобалната конкуренција е од круцијално значење за справување со современите предизвици во насока на унапредување на истражувањето, иновациите и технолошкиот развој.

За Сојузот на стопански комори на Македонија, ова е многу значаен ден бидејќи, соработката на науката и бизнис заедницата е модел за стабилна економска иднина. ССК и МАНУ ќе работат во насока на развој на значајни сектори за економски напредок, енергетика, инженерство, градежништво, преку искористување на квалитетот и потенцијалите од двете страни. Нема напредна држава без развиена наука која се имплементира во реалиниот сектор.  Знаењето, денес, е конкурентска предност за постигнување долгорочна цел и затоа бизнисот мора да се набљудува од друга перспектива, од перспективата на знаењето. Долгогодишното искуството кое го имаат врвните академици на МАНУ, во корелација со претприемничката иницијатива на бизнис заедницата ќе биде клучот за решавање на многу предизвици со кои секојдневно се соочуваме.

man

Со официјалното потпишување на меморандумот,  академијата и бизнис заедницата, зеднички на цврсти темели ќе работат во насока на поттикнување и предлагање на квалитетни иницијативи и решенија до државните институции, кои треба да придонесат за севкупен економски напредок на нашата земја.

На настанот присуствуваа претседателите на гранските комори при ССК од сите сектори како и академиците од повеќе одделенија во склоп на МАНУ.

manu

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП