28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата главна причина за социјалните немири во Европа

Кризата главна причина за социјалните немири во Европа

eu121

На Европа и се закануваат социјални немири кои би можеле да ја променат социјалната и политичката структура.

Директорот на американската разузнавачка служба Џејмс Клапер, предупреди дека европската финансиска криза би можела да доведе до социјални немири кои би можеле да имаат големо влијание на социјалната и политичката структура на Европа.

Во годишниот извештај посветен на современите глобални закани, Клапер нагласи дека, поради потезите кои ги направи Европската унија со цел да го зајакне својот банкарски систем, веројатноста за распад на еврозоната која се појави во текот на минатата година е сведена на нула.

Меѓутоа, кризата не е готова, нагласи тој обраќајки му се на Сенатот. Главна закана за глобалната економија е големата невработеност, особено во Грција и Италија, Португалија и Шпанија, тоа доведува до масовни штрајкови, насилство и протести.

„Оваа година, ова растечко незадоволство може да ја промени социјалната и политичката структура во Европа“, рече тој.

Директорот на американската разузнавачка служба, исто така, истакна дека финансиските проблеми ги принудија американските сојузници во Европа да ги намалат трошоците за одбраната, намалувајќи го така својот ангажман и во НАТО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП