15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот го поттикна трговскиот суфицит на Италија

Извозот го поттикна трговскиот суфицит на Италија

I

Трговијата на Италија со земјите надвор од Европската унија во март порасна за 13,2 проценти во однос на истиот месец во 2014 година, соопшти Заводот за статистика во Рим.

Во однос на месец февруари, извозот во земјите надвор од ЕУ пораснал за 2,2 проценти, наведува Заводот, пренесува агенцијата АНСА.

Увозот од тие земји исто така е зголемен минатиот месец и тоа за 4,8 проценти на месечно ниво и за девет проценти на годишно ниво.

Италија во март во трговијата со државите кои не се членки на ЕУ остварила суфицит од 3,58 милијарди евра, во однос на вишокот од 2,70 милијарди евра во март минатата година.

Во првиот квартал, извозот во земјите надвор од Унијата пораснал за 6,1 проценти, а увозот од нив се намалил за 1,4 проценти на годишно ниво.

На трговскиот биланс во дадениот период евидентиран е суфицит од 3,10 милиони евра. Не сметајќи ја трговијата со енергија, трговскиот суфицит изнесувал 13,47 милиони евра, во однос на 13,70 милиони во истиот период во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП