27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗаврши 18. издание на Скопје филм фестивал

Заврши 18. издание на Скопје филм фестивал

Image (54)

Со проекцијата на последниот филм од програмата, документарецот „Граѓанинот 4“, посветен на поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден кој го обелодени постоењето на масивната програма за шпионирање на милиони луѓе во светот, заврши 18-то издание на Скопски филмски фестивал во чија организација значаен придонес има компанијата ВИП оператор.

Годинава на Скопскот филмски фестивал беа прикажани повеќе од 60 филмови од најновата продукција на светската, европската и македонската кинематографија, внимателно избрани од селекторите Сунчица Уневска, Татјана Јаневска и Владан Петковиќ од Србија, поделени во седум програми: на светски филм, авторски филм, главна програма,  на документарен филм, програма на краток филм, на студентски филм и една нова програма: Повеќе од хорор.

Имаше една светска премиера на новиот македонски филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, три премиери на филмови од регионот кои се направени во копродукција со Македонија. Тоа се бугарскиот „Пресуда“ на Стефан Командарев, потоа словенечкиот „Инферно“ на Винко Модерндорфер и третиот е хрватскиот „Такви се правилата“ на Огњен Свиличиќ.

Премиерно беше прикажан македонскиот краток филм  „Карма“ на Владимир Митревски, како и шест кратки филмови на студентите од ФДУ од Скопје и уште толку на студентите од ЕСРА.

Скопскиот филмски фестивал, годинава имаше чест да биде домаќин на славниот Мохсен Макхмалбаф, кој се смета за еден од највлијателните светски филмски режисери на денешницата.

Специјални гости беа и хрватскиот режисер Огњен Свиличиќ, австралискиот режисер Броди Хигс, филмската критичарка Шахла Надир, младата македонска актерка која гради интернацинална кариера Наташа Петровиќ. А соработката на Скопје филм фестивал со францускиот културен центар ја поздрави и амбасадорката на Франција, госпоѓа Лоренс Оер.

Во рамки на фестивалот се одржа работилница со Огњен Свиличиќ и мастер класа со Мохсен Макхмалбаф.

Имаше дискусија за жените и женските ликови во филмот со Бори се женски во која учествуваа Ана Василева, Елеонора Венинова, Јана Коцевска, Киријана Николоска и Наташа Петровиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП