23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Нема кредит за Грција

ЕУ: Нема кредит за Грција

204077972154e99057dfc09494882535_640x480

Презадолжената Грција не напредуваше значително во клучните преговори со европските партнери за да ја одблокира траншата од кредитот од меѓународната помош која и е повеќе од потребна.

„Напредокот во техничките преговори не е доволен за да дојде до заклучување на договор во текот на состанокот на еврогрупата во Рига“, изјави комесарот на ЕУ за еврозоната, Валдис Домбровскис.

Министрите за финансии на еврозоната денес ќе одржат состанок во Рига на кој ќе стане збор за рефрмите кои Грција треба да ги спроведе за да добие 7,2 милијарди евра кредит од меѓународниот пакет помош.

„Напредок постои и се надевам дека и денес ќе биде забележан напредок, но потребно е поголемо залагање. Ќе видам што институциите имаат да кажат“, изјави претседателот на еврогрупата, Жерон Дајселблум.

Грција, на која и недостасува готовина, им порача на партнерите од еврозоната во февруари дека до крајот на април ќе постигне договор со кредиторите за листата реформи неопходни за ослободување на преостанатата транша од кредитот од меѓународната помош.

До постигнување на договорот, сепак, Атина останува без пристап до средствата, поради што и се закнува банкрот, а можен е и излез од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП