24 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСерискиот „VW Golf R400“ ќе има повеќе од 400 КС (фото+видео)

Серискиот „VW Golf R400“ ќе има повеќе од 400 КС (фото+видео)

r400

„Volkswagen“ ќе го стартува сериското производство хечбекот „Golf“ со моќност од 400 КС, кој беше прикажан како концептуален модел на саемот во Пекинг одржан минатата година. Ова официјално го потврди шефот на одделот за истражување и развој на германската компанија, Хајнц-Јакоб Нојсер.

r400 1

„До крајот на годината ќе го пуштиме најспортскиот „Golf“ во сериско производство. Разработката на возилото е во финалната фаза“, се пофали се Нојсер пред изданието „Car“, но одби да открие други детали за возилото.

r400 2

Прикажаниот концепт се потпира на 2.0-литарски бензински мотор со 4 цилиндри, развива 400 КС и 450 Нм вртежен момент, и има систем за погон на сите четири тркала. Прототипот нуди забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди, а максималната брзина му е ограничена по електронски пат на 280 км/ч.

r400 3

Според информации на „Car“, серискиот модел ќе го задржи овој мотор, кој сепак ќе добие екстра моќност. Се очекува агрегатот да ги има истите поставувања како оној на „Audi TT quattro sport“, кој нуди 420 КС. Покрај тоа, машината ќе го добие и новиот 10-степен „DSG“ автоматски менувач со две спојки, нудејќи вртежен момент до 550 Nm.

Премиерата на серискиот „Golf R400“ ќе се одржи на саемот во Франкфурт оваа есен, а продажбата ќе стартува во почетокот на 2016-та година. Цената за Германија ќе биде не помалку од 50.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП