17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија: Најголем раст на извозот остварила индустријата за часовници

Швајцарија: Најголем раст на извозот остварила индустријата за часовници

Swiss-Made-Watches

Трговскиот суфицит на Швајцарија во првиот квартал, и покрај растот на извозот, е намален во однос на претходното тромесечје заради преценетата вредност на домашната валута.

Швајцарскиот извоз е зголемен во првиот овогодишен квартал за 1,4 отсто или на 50,6 милијарди швајцарски франци, во однос на истиот период од минатата година.

Увозот паднал 4,4 отсто на 42,4 милијарди швајцарски франци, соопшти Федералната управа на царините, така што надворешно-трговскиот суфицит е намален на 8,2 милијарди од 8,4 милијарди швајцарски франци, колку што изнесуваше во четвртото тромесечје минатата година.

Увозната стока меѓу јануари и март ова година поевтини 5,1 отсто заради јакиот франк.

Само во март трговската размена на Швајцарија со светот забележа раст од 3,2 отсто на 17,9 милијарди швајцарски франци во однос на истиот период лани.

Во истиот месец е зголемен и извозот и тоа 1,7 отсто на 15,4 милијарди швајцарски франци.

Во првото овогодишно тромесечје најголем раст на извозот оствари индустријата на часовници, од 3,1 отсто на 5,11 милијарди швајцарски франци, додека најголем пад имаше индустријата за хартија од 13,1 отсто на 455 милиони швајцарски франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП