25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГаспром се закани: Ќе ја прекинеме доставата на гас!

Гаспром се закани: Ќе ја прекинеме доставата на гас!

gasprom gas 3

Рускиот гигант „Гаспром“ прв пат се закани дека ќе го стопира снабдувањето на Европа со природен гас, ако проектот „Турски поток“ биде блокиран.

„Тоа ќе го сториме доколку не принудат на тоа“, вели директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер на конференцијата во Берлин. Според неговите зборови, ЕУ еднострано се обидува да ги префрли сите ризици на снабдувачите на гас, што создава големи потешкотии за „Гаспром“.

„Европа мора да даде јасен и категоричен одговор – дали и е потребна оваа ресурсна база или не“, вели Милер.

Според зборовите на експертите, претходно руските власти и раководството на „Гаспром“ инсистираа на тоа дека никогаш не би ги повредиле договорните обврски со европските клиенти.

Се наведува дека во Европа се појавила коалиција на земји кои го поддржуваат „Турски поток“, но дека меѓу нив ја нема Бугарија, која претходно под притисок на Европската комисија се откажа од изградбата на „Јужен поток“.

За предупредувањето на Милер во Брисел, пишува и агенцијата „Блумберг“,

Тужбата која ЕУ ја започна за „Гаспром“ за злоупотребата на доминантната позиција на европскиот пазар, може да го закомплицира решавањето на украинската криза и да го зголеми ризикот за прекин на гас од Русија до Европа, вели за „Блумберг“, шефот на енергетското одделение на компанијата „Енерџи аспектс“, Тревор Сироски.

Агенцијата потсетува дека Русија ја предупреди Европа дека од 2020-та година планира да ја стопира испораката на гас преку Украина, која моментално е нејзина главна транзитна рута, и додава дека Милер минатата недела во Берлин изјави дека „Гаспром“ може да го стопира гасот за Европската унија, доколку Брисел се обиде да ја блокира планираната изградба на гасоводот „Турски поток“.

Официјални лица од Русија трврдат дека гасоводот не ги крши европските прописи, затоа што државите членки ќе бидат во можност да изградат сопствена мрежа од границата на Турција со Грција.

„„Гаспром“ се откажува од контролата на системот за дистрибуција во Европа со цел да се фокусира на ценовната конкурентост. Стратегијата на „Гаспром“ се прилагодува на европските прописи. „Турски поток“ е одраз на нова стратегија, затоа што „Гаспром“ само ќе го доведе до границата, а на купувачите ќе остане да се сносат со европските прописи“, вели аналитичарот од центарот за европската политика, Марко Џили, пренесува овој американски медиум.

И покрај тоа, нема гаранција дека ЕУ ќе го смета „Турски поток“ поволна верзија од „Јужен поток“ кога ќе биде детално анализиран проектот“, ја пренесува „Блумберг“ изјавата на потпретседателката на Европската комисија за енергетика, Марош Шефчовиќ.

Од друга страна, рускиот министер за енергетика Александар Новак рече минатата недела дека ЕУ може да се противи колку што сака, но нема избор, бидејќи ќе зависи од рускиот гас уште најмалку четврт век, наведува „Блумберг“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП