18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрквата препорачува Кипар да ја напушти еврозоната

Црквата препорачува Кипар да ја напушти еврозоната

kipar-crkva

Поглаварот на Кипарската православна црква, архиепископот Хризостомиос Втори оцени дека би било подобро Кипар да ја напушти еврозоната, наместо да спроведува мерки за штедење.

Архиепископот во интервју за кипарската државна телевизија Си-Би-Ес, изјави дека строгите мерки за штедење, чие спроведување е услов за добивање на помош од меѓународните кредитори, само би ја вратиле кипарската економија со децении назад.

Архиепископот Хризостомиос ги оцени и како неприменливи барањата на кредиторите – еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд, кои беа поставени за време на преговорите за доделувањето на пакетот позајмици за Кипар во износ од 17 милијарди евра.

– Никогаш не ни помислив дека ЕУ ќе го притиска Кипар да почне да гладува, изјави архиепископот Хризостомиос, додавајќи дека напуштањето на еврозоната би предизвикало штети врз кипасрката економијата, но би му овозможило на Кипар „да го зачува своето достоинство“.

Според него, строгите мерки на штедење што странските кредитори со обидуваат да му ги наметнат на Кипар, најверојатно се со цел да си обезбедат повластена позиција во искористувањето на значајните наоѓалишта на природен гас во кипарските територијални води.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП