9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекторски пристап во креирање политики за развој на микробизнисите

Секторски пристап во креирање политики за развој на микробизнисите

Image (52)

Работна средба на тема „Секторски пристап во креирање политики за развој на микробизнисите“, ќе се одржи денес во Скопје.

Средбата ја организира Проектот за воспоставување бизниси во мултиетнички средини, кој го спроведува  Консалтинг за стратешки развој (КСР).

На настанот кратки обраќања ќе имаат раководителите на проектот, како и претставници од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за економија. Пред присутните ќе се обратат и претставници од микробизнис од рурални средини кои ќе ги споделат своите искуство во воспоставувањето на новите бизниси. Средбата ќе се заокружи со дискусии во рамки на секторски организирани работни маси – земјоделство, занаетчиство и трговија/услуги.

Присутните исто така ќе имаат можност да видат изложба на фотографии за условите во кои работат руралните бизниси, направени од страна на поддржаните бизниси во првиот циклус на проектот.

Проектот за воспоставување бизниси во мултиетнички средини е двегодишен проект за поддршка на нови бизниси во сопственост на млади и жени од рурални мултиетнички средини во Република Македонија. Проектот опфаќа два плански региони во Република Македонија – полошкиот и североисточниот плански регион. Главната цел на проектот е подобрување на бизнис практиките кај целните групи во регионите и обезбедување на долгорочни решенија за одржлив раст и развој на бизнисите.

Проектот го имплементира Консалтинг за стратешки развој со поддршка на Британската Амбасада во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП