7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрва регионална конференција за вински туризам - Македонија 2015

Прва регионална конференција за вински туризам – Македонија 2015

vinski-turizam

Министерот за економија Беким Незири денес во Скопје ќе ја отвори првата регионална конференција за вински туризам – Македонија 2015, во организација на Министерството за економија и Тиквешкиот вински пат.

На конференцијата ќе присуствуваат 100-тина претставници од надлежните институции за туризмот во Македонија, Србија, Словенија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Италија, Франција, Португалија, Шпанија, Косово, Босна и др., претставници од коморите, образовните институции и туристичките и винските здруженија, како и професионалци од туристичкиот и винарскиот сектор, невладини организации и заинтересирани страни од приватниот сектор од балканските земји и ЕУ.

Целта на конференцијата е да отвори дискусија за градење на ново партнерство меѓу туристичкиот и винарскиот сектор, преку заедничка соработка, која ќе придонесе кон создавање на конкурентни туристички производи,  намалување на трошоците за нивна промоција на трети пазари, а со тоа и сеопфатен економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП