19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата стабилни, растот на американските резерви го неутрализираше стравот од...

Цените на нафтата стабилни, растот на американските резерви го неутрализираше стравот од проблеми во снабдувањето

nafta-nafta-ceni-nini

Цените на барел нафта се стабилизира во четврток на меѓународните пазари близу до нивото од 63 долари, бидејќи продолжениот раст на резервите во САД ја неутрализираше загриженоста за безбедноста на Блискиот исток по новите судири во Јемен.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 62,78 долари. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше за 56,06 долари.

Борбени авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија повторно во четврток го бомбардира Јемен, и покрај објавата на Ријад дека завршиле со воздушните удари. Иако Јемен е мал производител на нафта, низ неговите територијални води минува клучниот сообраќаен пат на нафтата кон светските пазари.

Стравувањето од потенцијален прекин во снабдувањето овој месец ги подигна цените на нафтата за 10 долари, а дополнителна поддршка им пружија и навестувањата за јакнење на глобалната побарувачка.

Влијанието на тие стравувања ги неутрализираа податоците на американската влада, кои во среда покажа повторен раст на резервите на сирова нафта минатата недела, за 5,3 милиони барели, на новото рекордно ниво од 489 милиони барели. Растот значително ги надмина очекувањата, а и повторно е пробиено рекордното ниво на резерви.

Извештајот покажа и стагнација на производството, а аналитичарите ја намалуваат важноста на тој податок, покрај помалиот број на активни бушотини.

„И натаму очекуваме основен вишок во понудата на сирова нафта, што ќе трае барем во следните неколку месеци“, напишаа во белешките аналитичарите на BNP Paribas, укажувајќи на слабите шанси за значително зголемување на побарувачката за сирова нафта со оглед на забревтаните рафинерии.

Одвоено, Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) на своите интернет страници објави дека цената за барел од нејзината референтна кошничка изнесуваше 58,09 долари, што значи дека паднала за 75 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП