2 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЉубинко Друловиќ е новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација

Љубинко Друловиќ е новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација

ljubinko drulovic

Српскиот фудбалски стратег Љубинко Друловиќ денеска е именуван за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, а потпиша две и пол годишен договор до крајот на квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018-та година.

Друловиќ го заменува Бошко Ѓуровски, кој на почетокот на април доби отказ заради лошите резултати во квалификациите за ЕУРО 2016.

Поранешниот српски репрезентативец во кариерата многу кратко беше селектор на Србија, а најголемиот успех го оствари со младата репрезентација на Србија, која во 2013-та година стана европски првак.

Македонија по пет натпревари во квалификациите за Европското првенство во Франција во 2016-та година се наоѓа на претпоследното место во групата Ц, со само три бода, односно 12 помалку од првопласираната Словачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП