6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорот на Агенцијата за катастар на недвижности ја потпиша светската декларација за...

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности ја потпиша светската декларација за катастар

kat potpis

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески денеска во Истанбул ја потпиша светската декларација за катастар.

Декларацијата беше потпишана од сите претставници на земјите-делегати во форма на меморандум за соработка. Текстот на декларацијата се заснова на изјавите на Обединетите нации и на FIG – Меѓународната федерација на геодети, како и на важноста при управувањето со земјиштето како ресурс и управувањето со катастарот како систем за земјишни информации.

Преку оваа декларација од Светскиот самит беше упатен глобален повик кон сите земји за важноста од воспоставување функционален катастар кој треба да ја гарантира сопственоста, да ги намали земјишните конфликти, да го поддржи оданочувањето на недвижен имот, да обезбеди гаранција при кредитирањето, да го подобри урбанистичкото планирање, развојот на инфраструктурата и животната средина со цел одржлив развој на општеството во целина.

Настанот беше организиран од Министерството за животна средина и урбанизација и Генералниот директорат за катастар и земјишна администрација на Република Турција. На Светскиот самит учество зедоа над 70 делегации од земјите од Европа, Африка и Азија, со над 2400 делегати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП