19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичките капацитети во Македонија ќе се здобиваат со еколошки ознаки за туристички...

Туристичките капацитети во Македонија ќе се здобиваат со еколошки ознаки за туристички услуги

tur kapaciteti

Министерството за животна средина и просторно планирање ги доби првите четири формални пријави за здобивање со Еколошка ознака за туристичко сместување од охридските хотели: “Белведере”, “Гранит”, “Лебед” и “Фламенго”.

Пријавите стигнаа на завршниот настан од проектот “Воведување на еколошко означени туристички услуги”, на кој обраќање имаше заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски.

„Со овие Пријави се докажува дека е започнат процесот за исполнување на условите утврдени со Правилникот за критериумите неопходни за добивање на еколошка ознака за туристичко сместување“, истакна заменик министерот Темелковски, додавајќи дека ова се првите формални пријави од 2009 година, кога е донесен Правилникот, за чија изработка РЕЦ обезбеди техничка помош.

Со исполнување на критериумите за добивање на еколошка ознака, 4-те хотели го намалуваат штетното влијание врз животната средина, а притоа континуирано ја подигаат свеста на туристите преку нивно информирање за начините како да придонесат кон заштеда на енергија, вода и намалување на количините на отпад.

Во наредниот период Министерството за животна средина и просторно планирање ќе формира Комисија за еколошка ознака со цел спроведување на постапката за процена на Пријавите/Барањата за доделување на еколошка ознака.

„Здобивањето на ознаката е доброволно и зависи од интересот на производителот или давателот на услугата. Еколошката ознака ја доделува МЖСПП врз основа на Барање на правно или физичко лице, а на предлог на Комисијата за еколошка ознака во согласност со Законот за животна средина и прописите донесени врз негова основа“, објасни заменик министерот Темелковски.

На настанот беше презентиран Процесот на изработка на Барањата за добивање еколошка ознака.

Проектот го спроведува Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП