7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот кинески суперавтомобил (фото)

Првиот кинески суперавтомобил (фото)

qiantu

Обично кинеските производители на автомобили се поврзуваат со производи кои не се со особено висок квалитет, но со далеку пониски цени.

За време на автомобилскиот саем во Шангај сепак беше претставен првиот суперавтомобил со целосно кинески корени.

qiantu1

Според експертите, возилото има свој дух и автентичен дизајн, без да имитира друг. Името на суперавтомобил е „Qiantu K50 Event!“. Тој е со електричен мотор со моќност од 408 коњски сили и развива од 0 до 100 км/ч за пет секунди.

Автомобилот е со заден погон, а според производителот, може да помине со едно полнење до 124 милји (200 км.) Според експертите, моделот може да постигне успех во предвид техничките карактеристики и релативно ниската цена, која стартува од 700.000 јуани (113.000 долари).

qiantu2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП