3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово софтверско решение за остварување на права од здравствено осигурување на хонорарците

Ново софтверско решение за остварување на права од здравствено осигурување на хонорарците

sanja-minkova-i-orhan-ramadani-se-novite-v.d-direktori-na-fzom-233974

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во соработка со Министерство за здравство,  Министерството за финансии и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија усогласи постапка за остварување на права од здравствено осигурување на хонорарците.

За таа цел, Фондот направи измени во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, склучи Анекс на договор со ФПИОМ за електронска размена на податоци и изработи софтвер за електронска обработка и пресметка на времетрањето на здравственото осигурување.

Согласно измените, осигуреникот правото од здравствено осигурување ќе го користи за временскиот период утврден во пристигнатата пријава од ФПИОМ. Со новото решение, кога осигуреникот ќе го плати придонесот за здравство, за времето за кое уплатил придонес, ќе добие здравствено осигурување, но не подолго од 60 дена, одредба која важи за сите осигуреници по друг основ.

Со новото софтверско решение на Фондот, се решава статусот на лицата кои оствариле и/или остваруваат приходи од договор на дело и/или авторски договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП