13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдложена средбата на Самарас со „тројката“

Одложена средбата на Самарас со „тројката“

samaras-otkazana

Средбата на грчкиот премиер Андонис Самарас со претставниците на меѓународните кредитори на Грција, познати како „тројка“, што требаше да се одржи вчера попладне, е одложена за вечерва, јави дописникот на МИА од Атина.

Иако извори од Кабинетот на Самарас соопштија дека средбата е одложена поради „технички причини“, а не поради пречки во преговорите, познавачите на состојбите коментираат дека се работи за недоверба на „тројката“ во ветувањата на грчката Влада.

На состанокот кој треба да се одржи вечерва, ќе биде направен обид за да се постигне консензус за повеќе структурни реформи, вклучувајќи ја и долго одложуваната рационализација на државната администрација, кои се предуслов за отпуштање на следната рата од заемот за спас на Грција во вредност од 2,8 милијарди евра.

Самарас и министерот за финансии Јанис Стурнарас утре во Брисел ќе учествуваат на самитот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП