17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадоначалникот Коце Трајановски присуствуваше на Самитот на главни градови во Белград

Градоначалникот Коце Трајановски присуствуваше на Самитот на главни градови во Белград

Image (48)

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, присуствуваше на Самитот на главни градови (Capital Summit 2015) кој се одржа во четврток во Белград, Република Србија.

Станува збор за Самит  на кој учествуваа градоначалници од локалните самоуправи од 12 градови од централна и од југоисточна Европа, каде што покрај градоначалникот на Скопје, присуствуваа и Александар Вучиќ, Премиер на Србија, Синиша Мали, градоначалник на Белград (Србија), Иво Комишиќ, градоначалник на Сараево (Босна и Херцеговина), Милан Бандиќ, градоначалник на Загреб (Хрватска), Зоран Јанковиќ, градоначалник на Љубљана (Словенија), како и претставници од Виена (Австрија), Варшава (Полска), Атина (Грција), Будимпешта (Унгарија), Софија (Бугарија), Тирана (Албанија), и Подгорица (Црна Гора).

На Самитот на главни градови покрај претставници од градовите, присуствуваа и високи претставници од Европската комисија и од Европскиот Парламент, меѓународни организации и бизнис заедницата. На Самитот се разговараше за развојот на големите инфраструктурни проекти и унапредувањето на квалитетот на животот во главните градови.

Овој самит е организиран во соработка со Националната алијанса за локален економски развој (NALED) и е одлична можност  за унапредување на соработката на регионите и главните градови, поттикнување на економската соработка, поттикнување на економска размена и инвестиции и промоција на најдобрите примери во областа на инфраструктурата, урбанистичкиот развој, како и примери за развој на јавните и на комуналните услуги.

Самитот на главни градови е организиран во три посебни тематски целини: „Инфраструктура и урбан развој“, „Иновативни модели за давање услуги за граѓаните и бизнис заедницата“, и „Квалитет на животот и иден развој на градовите во централна и во југоисточна Европа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП