6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ Pepsi со подобри резултати

И Pepsi со подобри резултати

pepsi co 2

По добрите резултати од најголемиот светски производител на безалкохолни пијалоци – „Coca-Cola“, подобри квартални резултати од очекувањата објавија и од „PepsiCo“.

Вториот најголем производител на храна и пијалаци забележа добивка за првото тримесечје во износ од 83 американски центи, што се покажа колку профитот на компанијата во истиот квартал од минатата година.

Резултатот се покажа сепак над просечните очекувања на аналитичарите, прогнозирале профит од 79 американски центи. Приходите се намалија до 12.22 милијарди долари во однос на 12.62 милијарди долари пред една година.

И тука резултатот малку ги надмина просечните очекувања за приходи од 12.21 милијарди долари.

Од следната сезона „Pepsi“ ќе ги држи правата за спонзорство на Националната кошаркарска лига во САД (NBA). Правата беа држени од основниот конкурент на компанијата „Coca Cola“ во последните 28 години. Според постигнатиот договор, „Mountain Dew“ ќе биде официјалниот пијалок на „NBA“ во наредната сезона.

Во средината на минатиот месец стана јасно дека компанијата го привлекла во бордот на директори Ричард Фишер, кој претходно 10 години ја вршеше функцијата претседател на единицата на Федералните резерви на САД во Далас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП