19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтратфор: Грција и нејзините кредитори си го потрошија времето

Стратфор: Грција и нејзините кредитори си го потрошија времето

Image (47)

Атина сé уште не стигнала до точката на кршење, но грчката сага влезе во фаза во која техничките преговори стануваат нерелевантни и ќе мора да се донесе политичка одлука

Грција и нејзините кредитори имаат околу четири недели да одлучат дали Атина ќе остане во еврозоната. Од победата на изборите во Грција на 25-ти јануари, Коалицијата на радикалната левица, или Сириза, преговара со Еврогрупата и со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за мерките кои грчката влада треба да ги воведе за да добие дополнителни фондови за спас кои се потребни за медитеранската земја да остане во валутната унија. Преговорите се закочени поради фундаментален проблем: грчките кредитори бараат државата да го скрати трошењето и да ги зголеми приходите, но Сириза им вети на гпасачите дека, всушност, ќе троши многу повеќе за да ја оживее речиси мртвата економија. Атина нема да ја воведе целосната листа од мерки кои Европската унија и ММФ ги бараат од неа. Оттаму, конечната одлука за иднината на Грција ќе биде политичка.

Премиерот Алексис Ципрас мора да им дава ветувања на грчките кредитори, додека истовремено го одржува внатрешното незадовоство во Сириза на подносливо ниво и да ги одбегнува мерките кои можат да разгорат социјални немири. Ова објаснува зошто повеќето грчки предлози до еврозоната и ММФ во иминативе два месеца се вртат околу прашањата за подобрување на наплатата на даноците, но во нив нема ниту трага од конкретни планови за реформи во области како што се трудовата легислатива или грчкиот пензиски систем. Нереално е да се очекува Грција да си го смени ставот за овие прашања – не поради идеолошката тврдоглавост на Атина, туку поради безбројните домашни препреки со кои се соочува Ципрас.

Засега, грчките гласачи се релативно тивки. Атина во изминативе неколку недоли посведочи неколку протести од студенти, анархистички групи и рудари, меѓу другите, но тоа не е ништо невообичаено за земја во толку длабока економска криза. Повеќето пензии се исплатени, како и повеќето плати на администрацијата. Забележително беше и тоа што Грција успеа да ја исплати ратата од долгот кон ММФ. За да го стори тоа, Атина собираше пари од сите можни извори, вклучувајќи ги пензиските фондови, регионалните фондови и финансиските резерви на разни министерства. Владата, исто така, ги одложи исплатите кон компаниите кои го снабдуваат јавниот сектор со добра и услуги.

Но, оваа стратегија не е одржлива. Со исплатата на последната рата кон ММФ во средината на април, Атина го одложи потенцијалниот банкрот за неколку седмици, барем до достасувањето на новата рата на 12-ти мај. Но, ова одложување, исто така, и дава време на Европгрупата да продолжи да ја притиска Грција да направи поголеми отстапки при преговорите за фондовите за спас. Иронијата во исплатите на долговите е во тоа што привремено ја намалуваат способноста на должникот да се заканува со банкрот. Оттаму, германската влада и уште неколку други функционери на ЕУ изјавија дека договорот со кој би се овозможила исплата на нови фондови за спас нема да биде постигнат на нередниот состанокот на Еврогрупата на 24-ти април. Наредниот момент на вистината за грчката криза доаѓа на состанокот на министрите за економија на еврозоната на 11-ти мај.

Четири седмици се многу време. На крајот од април, Атина ќе мора да исплати околу 1,7 милијарди евра за пензии и плати, иако не е јасно дали Грција ќе има пари да го стори тоа. Грчката јавност е научена на одложувања на ваквите исплати, но по шест години во криза, просторот на Атина за да ги држи социјалните немири под контрола значително е намален. Ципрас изјави дека, доколку е присилен да бира меѓу исплата на платите или исплатата на долгот, ќе го избере првото. На 16-ти април, грчкиот министер за финансии Јоргос Варуфакис ги негираше вестите дека Атина побарала од ММФ да ѝ даде повеќе време за исплата на долгот.

Грција сé уште има неколку потега на располагање со цел да си купи уште малку време, вклучувајќи го тука и воведување некаков вид паралелна валута за исплата на платите на администрацијата и на пензиите. И покрај тоа што ваквите мерки би ослободиле извесна сума пари за исплата на долговите, тоа нема засекогаш да ги реши проблемите на Грција. Тоа, исто така, ќе означи и пресвртница за еврозоната, бидејќи две валути ќе се вртат внатре во монетарната унија. Уште поважно, тоа ќе биде огромен чекор кон таканаречениот „грекзит“, затоа што паралелната валута ќе започне да го турка враќањето кон драхмата.

Стратфор очекува Атина и нејзините кредитори да постигнат договор за наредната рунда на финансирање некаде во текот на мај, но таквиот договор и на двете страни ќе им купи само неколку дополнителни седмици. По мај доаѓа јуни, кога Грција ќе се соочи со нова рунда на масивни исплати на долгови. А по јуни доаѓа крајот на тековната програма за спас на Грција и почетокот на преговорите за нова финансиска програма, со што ќе создаде дури и поголем притисок врз Сириза.

Најновите гласини кои кружат во Атина велат дека Ципрас планира да свика предвремени парламентарни избори за да се ослободи од најрадикалните елементи во неговата администрација, пред да оформи покохезивна влада која ќе биде подобро опремена за да го испреговара новиот пакет реформи со Брисел. Истоверемено, грчки функционери ја навестија можноста за одржување на референдум за тоа дали треба да исплати долгот. Иако во овој момент и двете идеаи се обични шпекулации, ваквите сценарија не треба да се отфрлаат. Сириза беше избрана да ја задржи Грција во еврозоната и да ги прекине мерките за штедење. Партијарта нема да може да ги исплони и двете ветувања истовремено, па така предверемиоте избори би и помогнале да го рафинира својот мандат.

Никаде не е гарантирано дека новиот мандат би вклучил и останување во еврозоната. Повеќето Грци сé уште сакаат нивната држава да остане во валутниот блок затоа што се надеваат дека постигнувањето на обострано задоволителен договор со Европската унија е сé уште можно. Но, колку повеќе се одложува конечното решенија за маките на Грција, толку повеќе се стеснуваат политичките опции. Не е јасно дали јавната поддршка на Грците за еврото ќе го задржи сегашното ниво ако Атина и Еврогрупата останат фокусирани првенствено на купувањето на време.

Германија, која има најмногу влијание врз судбионата на Грција од сите членки на еврозоната, исто така се соочува со внатрешни проблеми. Мора да си го заштити националното богатство и повторно да ги убеди гласачите дека нивните пари нема да бидат спискани во спасувањето на една влада која одбива да соработува. Исто така, мора да го задржи интегритетот на еврозоната. Огромен дел од стратегијата на Сириза се потпира на тоа вториот императив на Берлин да се покаже како посилен од првиот. Германците, исто така, најверојатно се убедени дека грчката финансиска криза не е толку итна како што се чини и дека земјата ќе може да преживее уште неколку недели без нови фондови за спас. Но, како и стратегијата на Атина, ставот на Берлин не е одржлив.

Не е веројатно дека Атина ќе си ја смени смени преговарачката позиција во голема мера до 11-ти мај, првенствено поради тоа што нема многу простор за попуштање. Во текот на наредните четири седмици, Германците ќе мора да одлучат дали сакаат да постигнат договор со Грција или ќе ја гледаат оваа медитеранска земја како си заминува од еврозоната. Стратфор смета дека првото е многу поверојатно, но и двете страни имаат се помалку време за договор. Атина сé уште не стигнала до точката на кршење, но грчката сага влезе во фаза во која техничките преговори стануваат нерелевантни и ќе мора да се донесе политичка одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП