23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Dow Jones“ достигна нов историски максимум

„Dow Jones“ достигна нов историски максимум

dow-jones

Индексот на Њујоршката берза „Dow Jones“ синоќа на крајот на берзанското тргување достигна ниво од 14.450,06 индексни поени, што претставува негова највисока вредност во историјата.

Оваа вредност на „Dow Jones“ е за 2,77 индексни поени, односно за 0,02 отсто, повисока од неговото ниво на крајот на тргувањето во понеделникот.

Во исто време, индексот „S&P 500“ се намали за 3,47 индексни поени на 1.552,48 поени, што претставува негов дневен пад од 0,24 проценти. Ова ниво е за еден отсто повисоко од историскиот минимум на индексот „S&P 500“ остварен во 2007 година.

Пад забележа и индексот на електронското тргување NASDAQ, кој се намали за 0,32 отсто, оносно 10,55 индексни поени на 3,242,32 поени. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП