17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена деловната активност во еврозоната

Намалена деловната активност во еврозоната

blog_euro_breakup

Деловната активност во еврозоната во текот на април е намалена откако во март беше достигнат рекорд, со што се намалија надежите дека големата стимулативна програма на Европската централна банка ЕЦБ ќе и даде поттик на економијата, наведува агенцијата „Маркит“.

Агенцијата истакнува дека, иако во извештајот се наведува дека економијата на еврозоната се држи добро, многумина се надеваа на понатамошен раст, бидејќи програмата на ЕЦБ за купување на обврзници стапи на сила.

„Слабата стапка на раст е големо разочарување ако се земат во предвид очекувањата од програмата на ЕЦБ дека веќе од почетокот на годината ќе биде забележан раст. Меѓутоа, премногу е рано да се извлекуваат цврсти заклучоци за тоа дали доаѓа до повторно забавување на економијата и ефикасноста на оваа политика“, смета аналитичарот на Маркит, Крис Вилијамсон.

Тој нагласи дека слабите резултати во април се одраз на намалената активност во Франција и Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП