2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИБанка во партнерство со booking.com -“ БУКИРАЈ И РЕФУНДИРАЈ!”

УНИБанка во партнерство со booking.com -“ БУКИРАЈ И РЕФУНДИРАЈ!”

ava

ПРОМОТИВНО и за прв пат, Booking.com и УНИБанка АД Скопје станаа партнери во понудата на услугите кои ги користат граѓаните на Република Македонија.

Станува збор за акцијата, која УНИБанка ја промовира како БУКИРАЈ И РЕФУНДИРАЈ, и со која на своите клиeнти ќе им овозможи викендите, одморот или бил кој друг престој во некоj од капацитетите што ги нуди Booking.com, да ги чини до 4% поевтино.

Потребно е само резервацијата клиентот да ја направи со дебитна или кредитна картичка издадена од УНИБанка, за што УНИБанка создаде и посебна интернет врска (линк) и истиот е видно означен на веќе познатата веб страна www.unibank.com.mk По престојот во одбраниот капацитет, УНИБанка и Booking.com ќе се погрижат износот од 4% од платениот износ да биде рефундиран на сметката на клиентот на Банката.

“Збогатувањето на понудата на услуги кои ги користат клиентите на УНИБанка, постојано е импeратив за нас. Постоиме за клиентите, за нивниот бенефит. Потврда за тоа е соработката која ја постигнавме со Booking.com, но секако и признанијата кои ги добиваме од меѓународните картични организации. Во оваа прилика би ја спомeнала неодамнешната плакетна награда која УНИБанка ја доби од MasterCard за беспрекорно процесирање на трансакциите во 2014 година. Квалитет на услугата надополнет со задоволство од клиент од една страна и, признание од меѓународна институција од друга страна е потврда за целокупното наше постоење.” изјави Биљана Доновска Гечева, директор на Дирекцијата Картично работење во УНИБанка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП